Се сели во Данска: Драгана Петковска ќе го брани голот на Силкеборг

Откако и заврши договорот со Вардар СЦЈС, македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска, ќе го има својот прв интернационален предизвик. Таа ќе игра во данскиот шампионат, во екипата на Силкеборг Воел.

Петковска потекнува од школата на Кастратовиќ, а потоа ги бранеше головите на Вардар и на Вардар СЦЈС. Таа беше дел од кадетската и од младинската селекција, а сега се наоѓа и на списокот на сениорската репрезентација.

Покрај Петковска, во Силкеборг има уште една интернационалка од Норвешка, а сите други се домашните ракометарки. Нејзината екипа по 13 одиграни кола се наоѓа на 8 позиција, последна што води во плеј-офот, но има за играње 8 дуели, па ќе има шанси и за напредок.

Со Петковска, бројот на македонски интернационалки што играат во Данска, се искачи на 5. Наташа Нолевска во Виборг, Сара Митова во Сондерјиск, а Зорица Михајлова и Клаудија Георгиевска го носат дресот на Вендсисел.