Се радуваа како да ја освоиле титулата на Европското првенство (ВИДЕО)

Ракометарите од Чешка успеаја да приредат големо изненадување на дуелот против Данска и да се изборат за победа од 28:27. Овој триумф воедно беше и за комплицирање на ситуацијата во групата Д така што уште ништо не е познато во неа.

Сепак, она што беше интересно се случи после завршувањето на средбата. Имаше голема радост и славје кај ракометарите коишто приредија шоу во соблекувалната.

Радоста која што беше снимена наликува како радост за освојување на титула.