Се повреди еден, се врати друг: Лука Циндриќ одново на тренинг

Ракометарот кој остави длабока трага во играта на Вардар во минатите години, Лука Циндриќ сезонава нема среќа со своите настапи во редовите на Келце. Тој повторно поради повреда беше надвор од терените, а се повреди за време на Светското првенство во Германија и во Данска.

Сепак, повредата е веќе минато и Лука Циндриќ е одново на тренинзите и почнува да се враќа во потребниот ритам. Ова значи дека Талант Душебаев загуби еден играч, но добива друг назад така што ќе може да смета на него во финишот од групната фаза.

Информациите се дека Циндриќ нема да биде подготвен за пресметката со Монпелје, но можно е да биде подготвен за дуелот против Рајн Некар. Во последното коло Келце ќе игра против Веспрем, а тогаш сигурно ќе може да им помогне на колегите во битката за што е можно повисок пласман во групната фаза.

Инаку, играч кој е загубен за групниот дел од сезоната е Алекс Душебаев. Тој се повреди на средбата со Кристијанштад и најмалку три недели ќе биде надвор од терените.