Се остварија најавите на 24Ракомет, Касим Каменица промовиран во нов тренер на ППД Загреб

Како што веќе пишувавме пред повеќе од еден месец, босанскиот стратег Касим Каменица ќе биде новиот предводник на ППД Загреб. Искусниот тренер ја превзема клупата на Загреб ова лето. По отказот во Пелистер, се создадоа сите предуслови за промоција на Каменица на тренерското столче. Тој ќе го наследи Славко Голужа кој пристигна во Загреб како привремено решение, а ова лето заминува во Словачка на клупата на Татран Прешов.

Некои постари колеги веројтно се секаваат на мојот прв мадат во Загреб, од кој сега изминаа повеќе од 25 години. Морам да бидам искрен и да признаам како изгубив надеж дека повторно ќе седнам на оваа клупа којс не се одбива, но кога стигна повик од Загреб секако не се двоумев ни една секунда и подготвено ја дочекав шансата за нов ангажман во најдобриот ракометен клуб на овие простори. Ова е помалку различен клуб од оној кој го оставив пред четири декади, но целите се исти. Свесен сум дека мојата улога тука е да ги продолжам добрите натпреварувачки резултати во двете национални натпреварувања како и СЕХА лигата и ЕХФ Лигата на шампионите.- истакна Каменица.

Откако се раздели од Пелистер, Касим Каменица ќе ја продолжи својата тренерска работа во Загреб од почетокот на сезоната 2017/2018.