Се намалува листата можни наследници на Штербик: Лесјак ќе игра во Бундес лига

Уште еден од голманите кои беа споменувани низ медиумите како можни наследници на Арпад Штербик на вардаровиот гол, Урбан Лесјак, нема да се пресели во Скопје. Голманот на Целје, ќе ја продолжи кариерата во амбициозен бундеслигаш, а најверојатно се работи за Хановер.

Се работи за голман кој има 27 години, со солидни физички предиспозиции, 190 цм, 103 кг и со настапите за словенечкиот шампион Целје веќе седма сезона, покажа дека поседува квалитет. По осум сезони си заминува од Целје и за првпат ќе се обиде како интернационалец.

„По осум сезони се простувам од дресот на Целје и заминувам во најдбрата лига на светот, во клуб со големи амбиции и добар тренер. Верувам дека не погрешив во мојот избор.“ – изјави Лесјак.