Се знае кој Вардар е „главен“: СЦЈС се обиде, но немаше сили за сензација

Ракометарките на Вардар се првите полуфиналистки во Купот на Македонија, откако славеа над Вардар СЦЈС со убедливи 18:38. Иако Ирина Дибирова практично играше без половина тим (Лекиќ, Пенезиќ, Радичевиќ, Суслина, Човиќ и Лакрабер не беа во составот), и тоа беше доволно за убедлива победа над тимот предводен од македонскиот селектор Симе Симовски.

Постарите вардарки, за кои дебитираше и српската интернационалка Марија Петровиќ, уште во првиот дел направија предност од 9 голови, 11:20, која во второто полувреме само беше зголемувана, најчесто со погодоци од контри или полуконтри, за конечни 18:38.

Кај Вардар СЦЈС по 4 голови даде Симона Стојановска, додека по 3 дадоа Керамичиева и Гичевска, додека кај победникот се истакнаа крилата Ристовска со 7 и Мавсар со 6. Дуелите меѓу Гевгелија и Овче Поле, како и Прилеп и Пелистер с еиграат денеска, а Куманово и Металург ќе играат следнта среда.

Куп на Македонија, четвртфинале:

Вардар СЦЈС – Вардар 18:38
Гевгелија – Овче Поле
Куманово – Металург
Прилеп – Пелистер