Се зголемува српската колонија во Автокоманда: Лука Стојановиќ доаѓа во Металург

Немања Обрадовиќ најверојатно нема да го гледаме во Металург следната сезона, но потрагата по негов заменик повторно ќе заврши во Србија. Лука Стојановиќ, 19-годишен српски интернационалец би можел да го засили македонскиот вицепрвак наскоро.

Се работи за младински репрезентативец на северниот сосед, кој последната сезона беше дел од чешкиот шампионат и настапуваше за Талент Плзен. Лани, на ЕП за кадети беше еден од најдобрите поединци во српскиот состав и постигна 33 голови.

Досега од Металург заминаа Печенковски, Амин, Младеновиќ, Марчец, а потврден е трансферот на Димитриевски и на голманот Даниловски, како и продолжувањето на договорот со пикерот Пешевски. Се очекува многу скоро да бидат потврдени и трансферите на Словенецот Јануш Лапајне и на Црногорецот Божо Анѓелиќ.

6 Responses

  1. Од Автокоманда потврдуваат: Кој си оди, а кој доаѓа во Металург | 24 РАКОМЕТ

    […] […]

  2. Червар верува во младите: Димитриоски и Танкоски се приклучуваат на првиот тим на Металург | 24 РАКОМЕТ

    […] […]

  3. Почна потрагата по десно крило: Анте Токиќ на радарот на Металург | 24 РАКОМЕТ

    […] […]

  4. Се зголеми српската колонија во Автокоманда: Потврден трансферот на Лука Стојановиќ во Металург | 24 РАКОМЕТ

    […] Немања Обрадовиќ (нај)веројатно нема да го гледаме во Металург следната сезона, но потрагата по негов заменик повторно заврши во Србија. Лука Стојановиќ, 19-годишен српски интернационалец го засили македонскиот вицепрвак. Иако од Автокоманда се уште нема потврда, неговиот трансфер го потврди менаџерската агенција што го застапува, со што се потврди и најавата на 24Ракомет пред неколку недели. […]

  5. Стојановиќ: Металург има сили да ја врати шампионската титула во Автокоманда | 24 РАКОМЕТ

    […] Лука Стојановиќ, 19-годишен српски интернационалец е едно од странските засилувања за македонскиот вицепрвак Металург ова лето. Иако од Автокоманда се уште нема потврда, неговиот трансфер го објави менаџерската агенција што го застапува, со што се потврди и најавата на 24Ракомет пред еден месец. […]

  6. Талентиран десен бек доаѓа во Металург: Червар го бара Никола Ивановиќ | 24 РАКОМЕТ

    […] […]