Се зголеми српската колонија во Автокоманда: Потврден трансферот на Лука Стојановиќ во Металург

Немања Обрадовиќ (нај)веројатно нема да го гледаме во Металург следната сезона, но потрагата по негов заменик повторно заврши во Србија. Лука Стојановиќ, 19-годишен српски интернационалец го засили македонскиот вицепрвак. Иако од Автокоманда се уште нема потврда, неговиот трансфер го потврди менаџерската агенција што го застапува, со што се потврди и најавата на 24Ракомет пред неколку недели.

Се работи за младински репрезентативец на северниот сосед, кој последната сезона беше дел од чешкиот шампионат и настапуваше за Талент Плзен. Иако имаше договор со чешкиот тим, сепак од Плзен решија да ги исполнат неговите желби и да го пуштат во Скопје. Лани, на ЕП за кадети беше еден од најдобрите поединци во српскиот состав и постигна 33 голови. Ќе настапува и ова лето на Европскиот шампионат за кадети во Грузија.

Покрај младите Димитриоски, Лазаревски, Шилегов и Танкоски, кои доаѓаат од Металург 2, повратник во екипата на Металург е Дарко Димитриевски, кој по една нецела сезона се враќа во Автокоманда, а нов двегодишен договор потпиша и пикерот Жарко Пешевски кој има одлична сезона зад себе. Голманот Никола Даниловски исто така се врати во матичниот клуб по две сезони минати во Пелистер. Нови едногодишни договори потпишаа голманот Дарко Арсиќ, левото крило Вања Илиќ, како и десното крило Александар Гуглета.

Од странските ракометари, се чека потврда на трансферот на Словенецот Јануш Лапајне, иако извесно дека се е готово, а Црногорецот Божо Анѓелиќ од унгарскиот Цегледи, веќе го стави својот потпис. На чекор до потпис е и десното крило на Вараждин, Анте Токиќ.

Во изминатиот период неколку ракометари ги напуштија редовите на Металург. Официјално, соработката е прекината со Никола Костески, Мартин Марчец, Немања МладеновиќГоран ПеченковскиАмин Јусуфинеџад и со Предраг Вејин.

Металург сезонава ќе игра на три фронта, во македонската Суперлига, во регионалната СЕХА Лига, како и во Лигата на шампионите.