Се за првото коло на едно место: Сите тргнаа силно во трката за втора рунда (ВИДЕО)

Освен домаќинот Хрватска кој беше доминантен против селекцијата на Србија во 1. коло на ЕП имаше уште три натпревари кои беа максимално интересни. На сите дуели владееше голема возбудливост и можеше да се види дека сите се одлично подготвени.

Дури и селекцијата на Франција мина тешко против Норвешка што секако е знак дека никој нема да може лесно да смета на бодови.

Денеска ќе има уште четири натпревари од 1. коло, а во продолжение можете да ги слушнете и изјавите на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ и со селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ.