Се е подготвено за долго очекуваниот спектакл: Србија ги чека „каубоите“ во белградскиот пекол

Машката репрезентација на Србија имаше два неочекувани кикса на стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Ремизираше со Белгија во Зрењанин, а загуби на гостински терен кај Швајцарија, со што значително си ги намали шансите за пласман на континенталниот собир.

Сега е на ред двомечот против големиот ривал Хрватска. Иако Србите скоро никогаш не играле пред полни трибини во Белград, сепак Ракометниот Сојуз на Србија се реши овој град да биде домаќин.

Средбата меѓу Србија и Хрватска ќе се игра во салата „Александар Николиќ“ или позната како „Пионир“, на 11 април со почеток во 18:00 часот.

Возвратниот дуел меѓу овие две селекции ќе се игра во Задар на 14 април.