Се врати од пензија и ќе биде нов соиграч на Борко Ристовски

Искусниот десен бек кој имаше пауза од една година, Кевин Ниокас е одново на терен, а се придружи на екипата на Бенфика каде ќе биде соиграч на Борко Ристовски. Откако замина во пензија на крајот од сезоната 2016/2017 како играч на Гумерзбах, очигледно е дека старата љубов кон ракометот никогаш не згасна и сега својата кариера ја продолжува во амбициозната Бенфика.

Кевин Ниокас е добро познат за француската ракометна јавност откако и помогна на својата репрезентација да го освои Светското првенство во 2015 и Европското првенство една година претходно.

Некогаш еден од најдобрите на својата позиција, кариерата ја почна во ПСЖ каде се задржа шест сезони за подоцна дресот да го замени со оној на Шамбери. По две годишниот престој во Шамбери, Кевин Ниокас ја заврши својата авантура во Франција и реши да се испроба во Бундес-лигата каде настапуваше две сезони во Гепинген и една во Гумерзбах.

Во Гумерзбах имаше проблеми со повредите на коленото и прерано ја заврши својата кариера. Со своите 32 години и искуството кое го носи дефинитивно ќе може максимално да и помогне на Бенфика во остврарувањето на целите за оваа сезона.