Се врати од пензија за да им помогне на старо – новите соиграчи

Екипата на Фуксе Берлин неодамна се соочи со големи проблеми. Голманот кој берлинци го донесоа ова лето, Малте Семлих се повреди и ќе паузира еден месец. За тоа време, финалистот од Супер глоуб мораше да го реактивира од пензија, Пeтер Штол кој ова лето стави крај на својата играчка кариера.

Старо – новиот голман на Фуксе Берлин веќе го забележа првиот натпревар од неговото враќање во тимот. Штол доби шанса на натпреварот против Вецлар каде за дваесетте минути поминати на теренот не забележа ниту една интервенција. Чехот ќе биде замена за Хајневетер се до враќањето на Семлих.

Откако замина во пензија, искусниот голман беше назначен за тренер на голманите во Фуксе Берлин и се уште ќе ја извршува таа функиција. А одредени тренинг задачи има и во својата репрезентација како и во неговиот клуб од детството, Талент Плзен.