Се врати Карачиќ, почнаа и новите атракции во Вардар (ВИДЕО)

Од натпреварот меѓу Вардар и Железничар во 2. коло од СЕХА-лигата нема да се памети само победата од 35:20 за „црвено-црните“, туку ќе се паметат и неколку потези направени за време на средбата.

Една од акциите беше избрана и од страна на СЕХА и може да се погледне повеќепати. Актери во неа се Игор Карачиќ и Рожерио Мораеш, а тоа се двајца ракометари кои се познаваат од последните две сезони.

Сега со враќањето на Карачиќ на теренот може да се види дека Парондо добива повеќе комбинации во играта така што нападот сега станува поопасен.

Како изгледаше најубавата акција од дуелот меѓу Вардар и Железничар во 2. коло од СЕХА погледнете во продолжение.