СЕХА со донација за Домот за деца без родители во Скопје (ФОТО)

Претставници на СЕХА-лигата заедно со по еден член на клубовите коишто играат на завршниот турнир денеска беа во посета на Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје каде што донираа телевизор и уште неколку други работи кои беа потребни за оваа установа.

Изборот за донација падна на овој дом така што гостите наидоа на топол пречек и имаа можност да се запознаат со условите во коишто живеат дечињата во овој Дом.

Воедно оваа донација доаѓа во вистински раце за да може да се олесни животот на дечињата, а секако СЕХА продолжува да ја потврдува својата грижа за сите деца ширум земјите каде што има клубови коишто играат во ова натпреварување.

Претходно додека траеше регуларниот дел од сезоната се донираа книги во неколку градови така што од СЕХА најавуваат дека и во иднина ќе помагаат со слични донации.

И директорката на домот возврати со подарок. Покрај благодарница до СЕХА лигата, таа на претставничката на оваа лига и подари и уметничка фотографија.