СЕХА-лига: Стеауа и Војводина со први бодови

После вчерашните две средби од 1. коло во СЕХА-лигата денеска истото ќе биде комплетирано со уште три дуели кои се играат во Љубушки, Скопје и Нашице.

300x250

Составите на Извиѓач, Вардар и Нексе се домаќини, а ќе бидат видени две дерби пресметки меѓу тимови од иста земја. Главното внимание секак е насочено кон дуелот меѓу Вардар и Металург кои ќе играат во СЦ „Јане Сандански“.

Вчерашните средби донесоа победи за Стеауа и Војводина. Дебитантот од Романија успеа да се избори за позитивен резултат на дуелот против Татран Прешов и да дојде до минимална победа додека Војводина можеше да биде и поубедлива против Железничар доколку во финишот не ја загубеше предноста.

Денеска ќе се завтвори првото коло, а во вторник и во среда идната недела ќе има нови дуели ќе бидат одиграни средби од 2. коло.

СЕХА-ЛИГА 2018/2019

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

СТЕАУА – ТАТРАН ПРЕШОВ        26:25

ЖЕЛЕЗНИЧАР – ВОЈВОДИНА    20:27

СРЕДА, 29 АВГУСТ

19:00ч

ИЗВИЃАЧ – МЕШКОВ БРЕСТ

20:45ч

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ

НЕКСЕ – ППД ЗАГРЕБ