СЕХА-лига: Најдобриот стрелец од лани заостанува зад лидерот

После три комплетни кола на листата на стрелците во СЕХА-лигата во водство е ракометарот на Мешков Брест, Максим Баранау. Тој успеа да постигне 21 гол со што се најде пред конкуренцијата.

300x250

Баранау во моментов се наоѓа пред најдобриот стрелец од минатата сезона, Халил Јагањац кој досега има 19 гола и мало заостанување што може веќе на средбите од 4. коло  да биде поправено и ракометарот на Металург одново да се најде на врвот.

Нема големо изненадување меѓу најдобрите десет бидејќи еден од најефикасните на вечната листа Златко Хорват со 17 гола е на 4. позиција.

Најефикасен играч на Вардар после трите кола е Рожерио Мораеш. Тој има 15 погодоци и е во групата од пет ракометари кои се на делба од 6. до 10. позиција на Листата на стрелците.