СЕХА-лига: Војводина пред шампионот Вардар после првото коло

Комплетирањето на првото коло го донесе и првиот распоред на екипите на табелата во СЕХА-лигата, а таму на првото место поради победата од седум гола разлика е тимот на Војводина.

Вардар е засега второпласиран откако со шест гола славеше над Металург, но веќе во вторник се очекува ова да биде поправено бидејќи „црвено-црните“ го отвораат 2. коло против составот на
Железничар, а средбата се игра во Скопје.

Шампионот покажа дека и понатаму има променлива игра, но и понатаму Парондо не може да смета на сите ракометри. Неизвесно е дали ќе може и Данило Брестовац да смета на сите момци за гостувањето во Белорусија кај тимот на Мешков Брест.

Засега е јасно дека новата сезона ќе биде нешто поизрамнета отколку што беше ситуацијата во последните две години, па ова може да биде едно од понеизвесните натпреварувања.

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

СТЕАУА – ТАТРАН ПРЕШОВ        26:25

ЖЕЛЕЗНИЧАР – ВОЈВОДИНА    20:27

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ    34:28

ИЗВИЃАЧ – МЕШКОВ БРЕСТ       29:33

НЕКСЕ – ППД ЗАГРЕБ     23:22

ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО

4 СЕПТЕМВРИ (20:15ч)

ВАРДАР – ЖЕЛЕЗНИЧАР

5 СЕПТЕМВРИ (17:15ч)

МЕШКОВ БРЕСТ – МЕТАЛУРГ

5 СЕПТЕМВРИ (19:00ч)

ВОЈВОДИНА – ТАТРАН ПРЕШОВ

5 СЕПТЕМВРИ (20:45ч)

ИЗВИЃАЧ – НЕКСЕ

11 СЕПТЕМВРИ (20:45ч)

ППД ЗАГРЕБ – СТЕАУА