СЕХА-лига: Вардар и Железничар го отвораат 2. коло

Со натпреварот меѓу Вардар и Железничар денеска ќе стартува 2. коло од СЕХА-лигата кое ќе биде финиширано дури следниот вторник кога е на програмата дуелот меѓу Загреб и Стеауа.

Според почетната форма денеска Вардар ќе биде фаворит во пресметката со тимот од Ниш така што се очекува тоа да биде нова победа за „црвено-црните“.

Што се однесува до вториот претставник на Македонија, Металург овој тим ќе игра во Белорусија, а својот меч го има утре против екипата на Мешков Брест. Се очекува интересна средба во која Белорусите ќе влеат како фаворити, но затоа на младиот тим на Металург е да се обиде да изненади.

СЕХА ЛИГА – ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО

ВТОРНИК, 4 СЕПТЕМВРИ

20:15ч

ВАРДАР – ЖЕЛЕЗНИЧАР

СРЕДА, 5 СЕПТЕМВРИ

17:15ч

МЕШКОВ БРЕСТ – МЕТАЛУРГ

19:00ч

ВОЈВОДИНА – ТАТРАН ПРЕШОВ

20:45ч

ИЗВИЃАЧ – НЕКСЕ

ВТОРНИК, 11 СЕПТЕМВРИ

20:45ч

ППД ЗАГРЕБ – СТЕАУА