СЕХА лигата се засилува – Веспрем се враќа, од Кјелце се чека одговор

Регионалната СЕХА лига од следната натпреварувачка сезона ќе биде уште посилна, откако унгарскиот ракометен гигант Веспрем реши по едногодишна пауза повторно да се врати во друштвото на ракометниот крем од регионот.  Унгарскиот вицешампион и раковоството на СЕХА имале разговори кои завршиле позитивно, па се очекува уште и официјалната потврда за враќањето на двојниот победник на СЕХА лигата.

Ракометарите на Љубо Врањеш три сезони беа дел од СЕХА Газпром лигата. Дебитантскиот настап во ова натпреварување го имаа во сезоната 2014/2015,  а настапуваа се до сезоната 2016/2017, по која донесоа одлука да се повлечат. Во трите сезони во кои учествуваа двапати се искачија на врвот (2015 и 2016 година)

Во домашното првенство Веспрем годинава ја загуби титулата која замина во Сегед, а минаа неславно и во лигата на шампионите. Очекуваа Ф4, но беа елиминирано уште во осминафиналето од Скјерн.

Со влегувањето на Веспрем во СЕХА Газпром Лигата бројот на екипи се зголемува на 11, па раководството на тимот бара уште еден тим со што бројката би стигнала до 12 екипи. Во тој случај лигата ќе биде поделена во две групи, од по 6 екипи, и би имало помалку натпревари, а повеќе дерби средби.

Полските медиуми објавија дека Кјелце добило покана од СЕХА, во Келн за време на Ф4 турнирот во ЛШ имало и разговори, но нема детали. Се очекува наскоро и околу ова да има поделани информации. Ако Кјелце се приклучи, тогаш во СЕХА лигата ќе има четири поранешни европски прваци, и уште три екипи што последниве години постојано играат во ЛШ.

Македонски претставници следната сезона во СЕХА Газпром Лигата ќе бидат актуелниот бранител на титулата Вардар, и македонскиот вицешампион Металург.