СЕХА им „врати“ на Босанците: Борац не ги исполни условите!

Босанскиот шампион Борац од Бања Лука не доби место во елитното регионално натпреварување. Раководството на СЕХА лигата одлучи наредната сезона наместо босански преставник да внесе уште еден преставник од Србија, Динамо Панчево.

Токму затоа раководството на тимот од Бања Лука преку соопштение вели дека во најмала рака е огорчен со одлуката на раководството на СЕХА лигата да го изостави од листата учесници за наредната година, иако им било ветено дека ќе бидат дел од регионалното натпреварување.

Директорот на СЕХА Лигата, Синиша Остојиќ, ги објаснува причините поради кои Борац остана без учество во новата сезона во регионалното натпреварување.

„Борац не достави гаранции дека ќе може да обезбеди ТВ преноси во висока резолуција и тоа е главната причина за изоставување од лигата за наредната сезона. Тоа е еден од главните услови кои нашиот спонзор ги постави за сезоната која претстои. Исто така, територијата на Србија е маркетингшки поинтересна и поголема од онаа во Босна и Херцеговина и поради тоа клубовите од оваа земја добија предност. Оваа сезона е додатно подигната летвичката, Борац не ги исполните условите и тука е крај на муабетот. Вратата не е затворена, но условите мора да се исполнат.“ – изјави Остојиќ.