СЕХА “дебитира” во Русија: Дуелот меѓу Спартак и Веспрем – пред педесетина гледачи! (ФОТО)

Во новата сезона во регионалната СЕХА лига, иако првично требаше да игра унгарскиот тим Татабања, сепак во последен момент беше направена промена и на нивно место влезе рускиот тим Спартак Москва.

Русија е земја во која главниот збор го водат хокејот, фудбалот, одбојката и кошарката, па за ракометот и нема некој посебен интерес.

Доказ за тоа е натпреварот меѓу Спартак и Веспрем, кој се игра пред педесетина гледачи во салата на комплексот “Динамо”. Но и покрај тоа, има шоу за малуборјните присутни. Погледнете…