СЕХА го обедини најуспешниот стручен штаб на Македонија (ФОТО)

Интересна слика на вториот полуфинален натпревар од СЕХА Ф4 турнирот помеѓу ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко. Овој дуел го привлече вниманието на официјално најуспешното селекторско дуо кое некогаш ја предводело  Македонската сениорска машка репрезентација.

300x250

Станува збор за некогашниот македонски селектор Звонко Шундовски и неговиот тогашен помошник Андон Бошковски, кои заедно го следат натпреварот помеѓу Загреб и Целје. Овие двајца тренери ја предводеа Македонија до најголемиот репрезентативен успех на ЕП во Србија 2012 кога Македонија се пласираше на високото петто место.

Шундовски до скоро беше селектор на репрезентацијата на Израел, но договорот беше раскинат на обострано задоволство. Андон Бошковски пак се одлучи да го прифати предизвикот и застана на чело на амбициозната репрезентатација на Грузија со која бележи одлични резултати во својот досегашен ангажман на таа позиција.