Сефте за Металург 2

Ракометарите на Металург 2 го совладаа тимот на Работнички и ја запиша својата прва победа во 4 коло од плеј-аутот во Суперлигата. Младите ракометари на Петровски и Стојановиќ славеа со 32:21 (17:12). На стартот се играше гол за гол, пред акометарите на Металург 2 да почнат  чекор по чекор со градење на својата предност, која до крајот на првото полувреме достигна до пет голови.

Оваа предност стана недостижна за Работнички, особено што и во второто полувреме домашните беа подобар противник. Конечните +11 ,беа и највисока предност, која ги донесе првите бодови на контото на Металург 2 во борбата за опстанок. Најдобар во победничкиот тим беше Димитар Димитриоски со 8 голови, додека Гошевски даде 7. Кај Работнички се истакна Виктор Гроздановски со 5 голови.