Сергеј Самсоненко: Дали го заслуживме ова?

Македонскиот првак Вардар ќе го одигра своето четврто четвртфинале во Лигата на шампионите. Противникот Фленсбург ќе биде домаќин на првиот дуел во сабота на 22 април со почеток од 17:45 минути. Вардарци во својот прв обид да додат до најдобрите четири екипи во Европа беа запрени токму од нивниот следен противник Фленсбург. Тогаш раководството на клубот предводено од претседателот Самсоненко ги обвини судиите за нерамномерниот критериум, а според новите најави тие се подготвуваат за ново сценарио во кое делителите на правдата ќе имаат голема улога.

Сергеј Самсоненко, претседател, РК Вардар:

Сакам да им се заблагодарам за присуството на Живко Мукаетов, претседател на РФМ, Филип Милошевски, генерален секретар на РФМ и Михајло Михајловски претседател на СЕХА лигата. Ние четири години се бориме на спортските терен и надвор од спорските терени со една цел да влеземе на Фајнл Фор турнирот во Лига на шампиони. Имаше добри моменти и лоши моменти, но сите ние имаме една цел пласман на Фајнл Фор турнирот.

За жал имаме неповолни информации, не сакам да зборувам за тоа, без разлика што ќе се случи ние ќе дадеме сè од себе да го поминеме Фленсбург. Видовме кои судии се делегирани, не ми е јасно зошто ни ги ставија нашите „пријатели“ од Данска кои ни го судеа последниот меч против Барселона, кога сите спонзори на Фленсбург се Данци. Се надеваме дека од Фленсбург и ЕХФ ќе го пратат овој натпревар и сè ќе биде како што треба и нема да се повтори тоа што се случи пред три години.

Ако се повтори истата ситуација со нашиот клуб јас ќе се повлечам од ракометот, веќе немам сила да се борам, ќе останам во Вардар, но ќе се посветам на младите категории. Веќе немам намера да инвестирам секоја година по 7 милиони евра и да ни се случува тоа што се случува. Повеќе не можам да издржам.

Затоа барам поддршка од сите инволвирани во ракометот и од претседателот на СЕХА лигата, човек кој повеќе од мене е заслужен за опстојувањето на РК Вардар.

Разговаравме со стрчниот штаб и со тренерите дека треба да дадеме сè од себе без разлика на тоа што ќе се случува таму. Сакам да поставам едно прашње пред јавноста: „Дали го заслуживме ова?“ Јас мислам дека го заслуживме не само поради инвестициите во првите екипи, туку поради поставување на инфрастурктура, младински школи и ракометна иднина за Македонија. Нашиот конкурент Металург е на истиот пат и добро работи.

Кога дојдов тука не сакав да зборувам за натпревар со Металург, но не заслуживме таков однос. Во цела сезона загубивме четири натпревари во Лигата на шампионите и еден во СЕХА лигата, а по поразот со Металург секаде во јавност пишуваше дека играчите на Вардар играле без срце.Лесно е да се фалиш со тактика седум на шест кога секое додавање на пивот е досуден пенал.- заврши претседателот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко.

Вардар и Фленсбург по втор пат ќе се сретнат во елиминациската фаза. Во 2014 година по победата во Фленс Арената од 24-22, во Скопје, Фленсбург со голот од пенал на Егерт во последната секунда од натпреварот го одведе бундеслигашот на негатива од само два гола 25-27 и поради повеќе голови постигнати на гостински терен го пласираше својот тим на Фајнл Фор завршницата. Токму таа година Фленсбург дојде и до најпосакуваниот трофеј во клупскиот ракомет, трофејот во Лигата на шампионите.