Сергеј Горбок: Се вратив во мојот втор дом (ВИДЕО)

Еден од новите ракометари кој знае добро како е да се игра во редовите на Вардар е Сергеј Горбок, кој се враќа меѓу „црвено-црните“. Тој после игрите во Пик Сегед одново ќе ги брани боите на шампионот на Македонија, а нема да има проблеми со аклиматизација бидејќи добро знае како е да се игра во СЦ „Јане Сандански“.

300x250

Горбок ќе биде поддршка за Борозан на позицијата лев бек, а ова ќе биде и олеснување за ракометарот од Црна Гора. Воедно од репрезентативецот на Русија ќе се чека и засилување за одбраната која е ослабена после заминувањето на Абутовиќ, Марсениќ… кои имаа свое стандардно место во играта пред голот.

„Драго ми е што се вратив во Вардар. Скопје е мојот втор дом и овде се чувствувам одлично. Не би сакал многу да зборувам околу очекувањата од новата сезона бидејќи допрва треба да ги поминеме подготовките. Откако ќе ги одработиме можеме повеќе да зборуваме за она што можеме да го очекуваме од шампионатот којшто следува“, изјави Горбок.

Комплетната изјава на повратникот во редовите на Вардар можете да ја проследите во продолжение.