Серафимов за едно полувреме остана без титулата најдобар стрелец на СП!

Ракометарот на Металург и капитен на македонската кадетска репрезентација, Мартин Серафимов, Мундијалот во Скопје го заврши како втор стрелец.

Серафимов вкупно постигна 49 гола и заостана само два гола зад репрезентативецот на Египет, Хасан Валид Ахмед.

Тој имаше шест голови заостанување зад Серафимов, но ги постигна уште во првиот дел од финалето со Германија и се израмни на врвот.

Во вториот дел постигна уште два и го презема врвот. Но мора да се напомене дека египетскиот репрезентативец одигра две средби повеќе од нашиот Серафимов.

Во ТОП 5 се најде уште еден наш репрезентативец, Ненад Костески, со 46 голови на седум меча.