Сениорките на силна контрола на Трофеј „Карпати“

Репрезентацијата на Македонија во женска сениорска конкуренција во ноември ќе има можност за силна контрола на Трофеј „Карпати“. Поканата од Украина е прифатена, а Македонија се враќа на силниот турнир, на кој во минатото редовно беше меѓу учесниците.

300x250

Засега е јасно дека на овој турнир ќе играат Македонија и Украина, а најавено е дека и Бразил ќе биде дел од овој силен турнир во рамки на подготовките за Мундијалот кој се игра во декември.

Македонија тргна со два порази во квалификациите за Европското првенство во 2018 година, но овие контролни средби ќе бидат одлични за девојките на кои им се потребни силни противници за стекнување уште поголема самодоверба. Воедно ова ќе биде турнир после завршувањето на полусезоната и во рамки на подготовките за СП така што сите селекции ќе можат да бидат во комплетен состав.