Сениорките ги добија противниците на патот до ЕП во Франција (ФОТО)

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификциите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Франција следната година. Избраничките на Симе Симовски добија два релативно познати противници, Србија и Шведска. Со Србинките, македонските ракометарки често играат контролни натпревари, додека со скандинавската селекција, ќе се борат за пласман на Мундијалот во Германија. Третиот противник доаѓа од претквалификациите, а тоа ќе биде победникот од групата во која се уште еден познат ривал Фарски Острови, како и Грција и Финска.

Квалификации за ЕП 2018:

Група 1: Швајцарија, Украина, Хрватска, Холандија
Група 2: Италија, Словачка, Полска, Црна Гора
Група 3: победник претквалификации А, Македонија, Србија, Шведска
Група 4: Португалија, Австрија, Русија, Романија
Група 5: Исланд, Словенија, Чешка, Данска
Група 6: Литванија, Турција, Германија, Шпанија
Група 7: победник претквалификации Б, Белорусија, Унгарија, Норвешка

Претквалификации за ЕП 2018:

Група А: Финска, Фарски Острови и Грција
Група Б: Косово, Израел, Грузија

28-те репрезентации се поделени во седум групи по четири тима. Пласман на ЕП обезбедуваат двете најдобропласирани екипи од секоја група и најдобрата третопласирана од сите групи. Предвид ќе се земаат само резултатите од дуелите со двете подобропласирани. Квалификациите ќе се играат во три етапи периодот од 27 септмври 2017 година до 3 јуни 2018 година. Македонија претходно ќе има шанса да се бори за пласман на СП преку баражот со Шведска.

Европското првенство во Франција ќе се одржи од 30 ноември до 16 декември следната година. Градови домаќини ќе бидат Нанси, Нант, Монтбелиар, Брест и Париз. Главниот француски град ќе биде домаќин на финалните борби.