Сениорите ја „испробаа“ салата во Ескишехир (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија со чартер лет од Скопје утринава пристигна во Ескишехир, пред мечот против Турција од квалификациите за ЕП 2020.

Селекторот Данило Брестовац, заедно со 16-те играчи на кои ќе смета за натпреварот, денеска ќе ги одработат последните подготовки во салата каде утре од 18:00 часот ќе играат против репрезентацијата на Турција.

Македонија и Исланд имаат по 5 освоени бодови во досегашните 4 средби, додека репрезентацијата на Турција е на третата позиција на табелата со 4 бодови, потоа Грција со 2 бода.

По средбата во Ескишехир, Македонија последното коло од квалификациите ќе го одигра в недела на 16 јуни против Грција во Струмица. Во првата средба помеѓу Македонија и Турција одиграна во Битола во октомври 2018, Македонија славеше со 31-27.