Семејството Душебаев се комплетираше – Даниел се враќа во Келце

Шампионот на Полска, Келце се наоѓа во голем проблем на позицијата лев бек бидејќи двајца од ракометарите кои играт на ова место се на листата на повредени и ќе мора да паузираат. Уладѕислау Кулеш и Мариуш Јуркиевич не можат во моментов да играат, а не може ниту Лука Циндриќ, па затоа клубот мора да реагира и да си најде решение.

Одлуката падна на Даниел Душебаев, ракометар кој има договор со Келце, но од минатото лето играше како позајмен во редовите на Целје. Душебаев се враќа во клубот каде што играат неговиот брат Алекс, а тренер е неговиот татко Талант.

Со ова семејството Душебаев ќе се комплетира и ќе биде ударниот дел на клубот кој се очекува да се бори за трофеите во сите натпреварувања.

Келце тргна во првенството на Полска, а следната сабота треба да одигра меч против Веспрем, па затоа мораше брзо да се реагира околу позицијата десен бек. Даниел Душебаев лани дојде од редовите на Барселона, но не одигра натпревар за Келце и целата сезона ја мина во Целје. Доколку не се случеа повредите на Јуркиевич и на Кулеш сигурно ќе беше дел од шампионот на Словенија и сега, но сето ова беше причина за порано да се врати во клубот каде што ќе биде заедно со своето семејство.