Селка на Костески и Олимпијакос утре се борат за трофејот во Битола

На Меморијалниот турнир во Битола „Боро Чурлевски“ останаа уште натпреварите за пласман, а тие стартуваат утре од 15:30 часот со македонската пресметка меѓу Бутел Скопје и Пелистер.

Резултатите постигнати после трите дена во групната фаза донесоа три интересни дуели, а финалето ќе биде меѓу Олимпијакос и Селка.

Ова ќе биде финале во кое ќе има и Македонец. Никола Костески ќе се најде на терен на двобој меѓу составите кои доаѓаат од Грција и од Турција. Тој со Селка имаше добри игри и се избори за место во финалето, па утре од 19:30 часот ќе има што да се види во салата „Боро Чурлевски“.

Програмата утре стартува со двобојот меѓу Бутел Скопје и Пелистер, продолжува со дуелот меѓу Р. Кокс и Шербур, а Олимпијакос и Селка го затворааат првото издание на овој Меѓународен меморијален турнир.

НЕДЕЛА, 2 СЕПТЕМВРИ

15:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

17:30ч

Р. КОКС – ШЕРБУР

19:30ч

СЕЛКА – ОЛИМПИЈАКОС