Селка го одбележа првото издание од Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“

Во минатите четири дена во Битола се одржа првиот Меморијален меѓународен турнир „Боро Чурлевски“ и беа одиграни девет натпревари во кои можеше да се види интересен ракомет.

Организаторите се задоволни бидејќи на теренот бил виден далеку подобар ракомет од очекувањата и сите екипи го дале максимумот така што ова е добар старт за нешто кое треба да прерасне во традиција.

На крајот од турнирот најзадоволни беа македонскиот интернационалец Никола Костески и неговите колеги од тимот на Селка бидејќи успеаја да забележат три победи со кои на крајот финишираа со победничкиот пехар.

Турнирот привлече екипи од четири земји, а имаше и две екипи од Македонија, па ова сигурно ќе претставува добар старт за во иднина да има уште посилни натпревари.

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ЧЕТВРТОК, 30 АВГУСТ

БУТЕЛ – РИХИМАЕН КОКС        22:28

ПЕЛИСТЕР – ОЛИМПИЈАКОС    27:31

ПЕТОК, 31 АВГУСТ

РИХИМАЕН КОКС – СЕЛКА         23:31

ПЕЛИСТЕР – ШЕРБУР                   29:34

САБОТА, 1 СЕПТЕМВРИ

ШЕРБУР – ОЛИМПИЈАКОС         26:25   

БУТЕЛ – СЕЛКА                              34:38

НЕДЕЛА, 2 СЕПТЕМВРИ

5. МЕСТО

БУТЕЛ – ПЕЛИСТЕР                  27:32

3. МЕСТО

Р. КОКС – ШЕРБУР                   28:25

ФИНАЛЕ

СЕЛКА – ОЛИМПИЈАКОС        31:25