Селкаспор на Костески и Гигов даде 34 голови, но на крај загуби

Тимот на Селкаспор, каде настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Виктор Гигов, загуби на домашен терен во битката за второто место од составот на Анкараспор со минимални 34:35.

300x250

Десното крило Костески постигна 6 голови, додека голманот Гигов имаше неколку одлични интервенции, во моментот кога се кршеше резултат. Сепак Селка на крајот остана со празни раце, иако водеше со 31:29 во финишот.

Дел од головите на Костески и одбраните на Гигов погледнете во видео прилогот….