Селекторот на Данска ќе го штеди Хансен на Мундијалот

На Светското првенство следниот јануари на кој Данска е еден од двата домаќини, селекторот на оваа селекција Николај Јакобсен нема да има нималку лесна задача. Уште сега знае дека не може да смета на 100 проценти од првата ѕвезда во тимот Микел Хансен, кој има проблеми со колената.

Јакобсен веќе објави дека ќе го штеди својот најдобар играч бидејќи во прв план е неговото здравје.

„За да го заштедиме Хансен тој нема да игра одбрана. Има проблеми со колената и ние ќе се обидеме да го спасиме колку што можеме. Ќе гк заштитиме неговото здравје“, вели Јакобсен.

Ова значи дека во одбраната ќе мора да најде други решенија, а има доволно време до јануари за да најде постава со која ќе може да го задржи високото ниво на игра.

Хансен секогаш бил важен за играта на Данска, па затоа Јакобсен уште сега размислува како да го зачува и да го има што подолго во максимална подготвеност на првенството.