Секое трето коло, македонски двобој во Бундес

Денеска стартува новата сезона во Бундес лигата, а годинава ќе има рекорден број на македонски интернационалци во најсилниот шампионат во Германија и во Европа.

Староседелците во Бундес Филип Миркуловски и Филип Талески добија друштво во Кузмановски, Пешевски и Томовски. Миркуловски остана во Вецлар каде што е капитен додека Талески ја смени средината и сега ќе игра во редовите на Балинген.

Филип Кузмановски игра во редовите на Магдебург, Жарко Пешевски ќе го носи дресот на Штутгарт, додека Мартин Томовски ќе биде на голот на Лудвигсхафен.

Веќе е познато дека стартот на натпреварите ќе биде со пресметката меѓу Филип Кузмановски и Филип Талески кои играат денеска од 19 часот.

МАКЕДОНСКИ ДЕРБИ ДУЕЛИ ВО БУНДЕС ЛИГАТА

1.КОЛО (22 АВГУСТ)

МАГДЕБУРГ – БАЛИНГЕН

2.КОЛО (29 АВГУСТ)

ЛУДВИГСХАФЕН – ВЕЦЛАР

6.КОЛО (19 СЕПТЕМВРИ)

БАЛИНГЕН – ВЕЦЛАР

7.КОЛО (26 СЕПТЕМВРИ)

ВЕЦЛАР – МАГДЕБУРГ

8.КОЛО

ЛУДВИГСХАФЕН – ШТУТГАРТ

10.КОЛО (20 ОКТОМВРИ)

МАГДЕБУРГ – ШТУТГАРТ

12.КОЛО (7 НОЕМВРИ)

БАЛИНГЕН – ШТУТГАРТ

14.КОЛО (24 НОЕМВРИ)

БАЛИНГЕН – ЛУДВИГСХАФЕН

15.КОЛО (28 НОЕМВРИ)

ЛУДВИГСХАФЕН – МАГДЕБУРГ

16.КОЛО

ВЕЦЛАР – ШТУТГАРТ

19.КОЛО (26 ДЕКЕМВРИ)

ВЕЦЛАР – ЛУДВИГСХАФЕН

20.КОЛО (29 ДЕКЕМВРИ)

МАГДЕБУРГ – ВЕЦЛАР

25.КОЛО

БАЛИНГЕН – МАГДЕБУРГ

26.КОЛО

ШТУТГАРТ – БАЛИНГЕН

27.КОЛО

ШТУТГАРТ – МАГДЕБУРГ

29.КОЛО

ШТУТГАРТ – ЛУДВИГСХАФЕН

30.КОЛО

ЛУДВИГСХАФЕН – БАЛИНГЕН

31.КОЛО

МАГДЕБУРГ – ЛУДВИГСХАФЕН

33.КОЛО

ШТУТГАРТ – ВЕЦЛАР

34.КОЛО (14 МАЈ)

ВЕЦЛАР – БАЛИНГЕН