Сезоната во СЕХА низ бројки: Вардар е број 1 со 11 победи и 358 гола (ВИДЕО)

После признанието за играчите за она што го направија во досегашниот дел од сезоната во СЕХА-лигата, објавено е и прво видео во кое е направен пресек на сето она што беше направено во актуелната сезона 2017/2018.

Веќе е добро познато дека Вардар е лидер и тоа е убедливо на првото место. Има 11 победи на 11 средби, а има и дури 358 гола на овие натпревари што е одличен просек. Другите податоци од статистиката можете да ги погледнете во видеото во продолжение.