Седум земји го сакаат првото женско ЕП со 24 репрезентации

На Извршниот комитет кој се одржа во Белград беа промовирани седум земји кои посакуваат да бидат домаќини на Европското првенство за жени во 2024 година кое ќе биде првото со 24 учесници.

Практично се работи за три кандидатури бидејќи во двете има по три земји кои заеднички влегуваат во трка за организација на натпреварувањето. Чешка е заедно со Полска и Словачка, додека Унгарија, Швајцарија и Австрија се во другата комбинација. Третата кандидатура е од Русија која ќе се обиде самата да дојде до организација на Европското првенство.

Инспекиите би требало да се одвиваат во октомври и ноември, а се очекува домаќинот или домаќините да бидат познати на состанокот на 21 ноември.

Според она што е предвидено Европското првенство ќе се одржи од 29 ноември до 15 декември во 2024 година, а тоа ќе биде првиот шампионат на кој бројот на земјите учеснички ќе се зголеми од 16 на 24.