Седуммината со најмногу дерби средби не се во комбинација за вечерва за во „Јане Сандански“

Ракометарите на Вардар и на Металург  кои имаат одиграно најголем број на дерби средби во СЕХА-лигата ќе ги нема на денешната пресметка во СЦ „Јане Сандански“. Има двајца кои се активни во Вардар, но поради повреда и Карачиќ и Стоилов нема да играат против Металург.

300x250

Оттаму нема да дојде до поместување на листата кај првите пет ракометари така што сè ќе си остане исто меѓу водечките.

Најстандарден на досегашните 13 средби беше Илија Абутовиќ, кој пропушти само два натпревари, додека Милиќ и Карачиќ имаат по десет средби. На 4. место има делба меѓу Стоилов и Јоноски, па главниот дефанзивец на Ратинген останува засега заведен како ракометар на Металург кој одигра најмногу средби против Вардар во СЕХА.

НАЈМНОГУ ДЕРБИ ДУЕЛИ ВО СЕХА

11 – Илија Абутовиќ (Вардар)

10 – Страхиња Милиќ (Вардар)

10 – Игор Карачиќ (Вардар)

9 – Стојанче Стоилов (Вардар)

9 – Ацо Јоноски (Металург)

8 – Филип Миркуловски (Металург)

8 – Гоце Георгиевски (Металург)