Свечено отворен 45. струшки турнир: Ракометот царува покрај езерото (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од денеска па до 15 август, Струга ќе биде домаќин на 45. традиционален ракометен турнир. На отвореното ракометно игралиште „Женска плажа“, во две групи ќе играат три странски и три македонски екипи. Турнирот беше отворен од директорот Сашо Србиновски.

Покрај езерото ќе бидат ланскиот финалист Металург, домаќинот Струга, како и претставникот во Купот на ЕХФ, Охрид. Од странските екипи, тука е ланскиот освојувач, францускиот Шарт, кој ќе ја брани титулата, а во Струга втора година по ред ќе играат турскиот шампион Бешикташ, каде игра Немања Прибак, како и шведскиот вицепрвак Алингсас.

Во групната фаза секоја екипа ќе игра по два дуели, а во зависност од пласманот на последниот ден од турнирот, 15 август, ќе се играат натпреварите за пласман плус мечот за трофејот.