Светско првенство, 3. коло: Почнува главната битка за Втора фаза

Петтиот ден на Светското првенство во Германија и Данска носи вкупно 12 натпревари, а тоа се дуели од 3. коло по кои може веќе да бидат добиени неколку репрезентации кои ќе си обезбедат место во Втората рунда и разигрувањето за пласман во полуфиналето.

Македонија својот прв важен натпревар го има против составот на Хрватска, а овој дуел стартува од 18 часот што е мала промена бидејќи на претходните два дуели играше на отворањето на денот. Сега ситуацијата е поинаква, но ривалите кои следуваат се од Европа.

Групата Б, практично е едиствена ситуацијата да има три репрезентации со по четири бода така што е сосема извесно дека тука ќе има убав ден за да се види кои репрезентации ќе се најдат на чекор од вториот круг, па затоа останува да се одработи добро денешниот ден.

Во продолжение можете да ги видите сите натпревари по групи и табелите на кои се гледа ситуацијата пред одигрувањето на новите натпревари во Берлин, Минхен, Хернинг и Копенхаген.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2019

РАСПОРЕД ЗА 3. КОЛО

ГРУПА А

15:30ч

СРБИЈА – БРАЗИЛ

18:00ч

РУСИЈА  – ГЕРМАНИЈА

20:30ч

ФРАНЦИЈА – КОРЕЈА

ГРУПА Б

15:30ч

ИСЛАНД – БАХРЕИН

18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА

20:30ч

ШПАНИЈА – ЈАПОНИЈА

ГРУПА Ц

15:00ч

ТУНИС – ЧИЛЕ

17:30ч

НОРВЕШКА – АВСТРИЈА

20:15ч

ДАНСКА – САУДИСКА АРАБИЈА

ГРУПА Д

15:30ч

УНГАРИЈА – КАТАР

18:00ч

АРГЕНТИНА – ЕГИПЕТ

20:30ч

ШВЕДСКА – АНГОЛА