Светско првенство: Чиле ги освои симпатиите на третиот ден на Мундијалот

Репрезентцијата на Чиле е најголемото изненадување на треттиот ден од Светското првенство. Во 2. коло од Групата Ц, Чилеанците успеаја да ја совладаат селекцијата на Австрија со 32:24 и на тој начин се изборија за бодови кои никој не ги очекуваше.

Со победата над Австрија селекцијата на Чиле го остави отворено прашањето за 3. место кое води понатаму, па сега ќе има дополнителни возбудувања бидејќи и Тунис сигурно ќе се обиде да се најде на некое од местата кои ќе водат во втората рунда.

На другите средби од 2. коло во Групите А и Ц немаше изненадувања и фаворитите успеаја да бидат убедливи во освојувањето на нови бодови.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2019

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. ДЕН

ГРУПА А (2. КОЛО)

РУСИЈА – КОРЕЈА            34:27

ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ 34:21

ФРАНЦИЈА – СРБИЈА    32:21

ТАБЕЛА: 1. Германија 4 бода (64:40); 2. Франција 4 (56:43); 3. Русија 3 (64:57); 4. Србија 1 (51:62); 5. Бразил 0 (43:58); 6. Кореја 0 (46:64).

ГРУПА Ц (2. КОЛО)

АВСТРИЈА – ЧИЛЕ           24:32

НОРВЕШКА – САУДИСКА АРАБИЈА        40:21

ДАНСКА – ТУНИС            36:22

ТАБЕЛА: 1. Данска 4 (75:38); 2. Норвешка 4 (74:45); 3. Австрија 2 (53:54); 4. Чиле 2 (48:63); 5. Тунис 0 (46:70); 6. Саудиска Арабија 0 (43:69).