Светско првенство, ден 4: Македонија победнички влегува во 3. коло

Новиот ден на Светското првенство во Германија и Данска донесе втора победа за Македонија, а денеска жртва беше селекцијата на Бахреин. Македонија одигра доволно за да дојде до победа, а лесно можеше овој натпревар да го реши во своја корист и со двоцифрен број на голови разлика.

Сепак, најважно беше да се дојде до триумф и два бода, а тоа успеа. После 2. коло во Групата Б трите репрезентации кои се позиционирани на првите три позиции имаа по четири поени и се распоредени според гол разликата. Македонија е за три послаба од Шпанија, а има два гола подобра гол разлика од Хрватска.

Во Групата Д, пак, само Шведска е на максимум додека другите репрезентации веќе имаат пораз или реми.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2019

РЕЗУЛТАТИ ОД ДЕН 4

ГРУПА Б (2. КОЛО)

МАКЕДОНИЈА – БАХРЕИН          28:23

ХРВАТСКА – ЈАПОНИЈА                35:27

ШПАНИЈА – ИСЛАНД    32:25

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 4 бода (65:48); 2. Македонија 4 (66:52); 3. Хрватска 4 (66:54); 4. Исланд 0 (52:63); 5. Бахреин 0 (46:61); 6. Јапонија 0 (56:73).

ГРУПА Д (2. КОЛО)

КАТАР – ЕГИПЕТ              28:23

УНГАРИЈА – АНГОЛА     34:24

ШВЕДСКА – АРГЕНТИНА              31:16

ТАБЕЛА: 1. Шведска 4 бода (58:40); 2. Унгарија 3 (59:49); 3. Катар 2 (51:47); 4. Ангола 2 (48:57); 5. Аргентина 1 (41:56); 6. Египет 0 (47:55).