Сара Ристовска со Крим со трофеј од турнирот „Винко Кандија“

Ракометарките на Крим Меркатор го освоија Меморијалниот турнир „Винко Кандија“ откако ги добија трите натпревари против составите на Подравка, Будуќност и Локомотива. Сара Ристовска и колегите се изборија за трофеј со кој најавија далеку подобри игри од претходната сезона.

Крим Меркатор на стартот ја совлада екипата на Крим Меркатор со 33:28. На оваа средба Сара Ристовска беше стрелец на четири гола и беше меѓу подобрите на теренот. Потоа следуваше Локотива и победа од 24:21, а со истиот резултат Крим го совлада и тимот на Будуќност во 3. коло.

Сара Ристовска дојде во Крим Меркатор после две години во Вардар и ќе биде добро засилување за екипата од Словенија. Шампионот на оваа земја следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а веќе следниот викенд ќе има нова проверка на турнир во Копривница.

Се работи за уште еден Меморијален турнир, под името „Јосип Самарџија Бепо“, на него покрај Крим Меркатор и домаќинот Подравка ќе играат и екипите на Корона Брашов и Погон Шчесин. Средбите се играат на 24 и 25 август.