Сара Ристовска изброи до 50 гола на четири меча

И после комплетирањето на 4. коло од Женската лига нема измени на врвот од Листата на стрелците со оглед на тоа што Сара Ристовска продолжува со ефикасната игра. Таа веќе има огромна предност во однос на Габриела Величковска од Пелистер, а тоа може да се види и од новото рангирање на топ 10 стрелците каде што се наоѓаат ракометарките кои имаат над 20 погодоци.
Ристовска имаше 14 гола на последната средба и просек од неверојатни 12,5 гола по натпревар што секако е најава за ефикасна сезона. Таа има четвртина од головите на Вардар така што е во одлична гол-форма.