Сарачевиќ: Металург има фина „екипица“

Ракометарите на Загреб загубија на последниот натпревар од Лигата на шампионите против Висла Плоцк, па ќе сакаат да ја искористат средбата со Металург во СЕХА Лигата, како добра подготовка за следниот предизвик во ЛШ, Нант. Тренерот Златан Сарачевиќ, смета дека Металург нема императив во СЕХА и ќе игра опуштено.

300x250

„Жал ми е што ќе мораме да се снаоѓаме без Вуглач. Сепак атмосферата во тимот е одлична и тоа е најважно. Металург има млад тим, пополнет е со одлични играчи, но нашата цел се знае, а тоа е победа. Тие немаат императив и може да играат опуштено. Јагањац и Кузмановски, па и нивниот кружен напаѓач, формираат една фина „екипица“ која може да игра многу добро. “ – претпазлив е Сарачевиќ.

Наптреварот се игра денеска со почеток во 19 часот.