Само што почна сезоната, една од најдобрите Холанѓанки мора на пауза

Ракометарката на репрезентацијата на Холандија, Естeвана Полман ќе го пропушти наптреварот од шампионатот на Данска со Есбјерг против Хернинг-Икаст. Полман заработи повреда на коленото во првото коло од новата сезона.

Есбјерг на отварањето на сезоната го совлада Одензе со 28:25, но оваа победа ги чинеше доста скапо. Холанѓанката чувствува болки во коленото, а тежината на повредата не е позната. Првите информации се дека Полман ќе паузира од шест до десет дена, но паузата најверојатно ќе биде подолга.

Повредата на Холанѓанката не би требало да е голем хендикеп за Есбјерг со оглед на тоа што натпреварувањето во Лигата на шампионите започнува во октомври. До тогаш би требало Полман да биде повторно подготвена за игра.