Само во Македонија: Санирана минатата година, салата “Гемиџии” денеска е “базен” (ФОТО)

Во Македонија бараме спорт и спортски резултати а не сме способни да санираме еден кров на спортска сала. Сликите кои ни пристигнуваат од Велес се уште еден доказ дека стварно не не бива, и дека е подобро да садиме пиперки отколку вака да се бламираме. Салата “Гемиџии” e гордост на Велес и Македонија, објект каде биле одиграни голем број на важни спортски манифестации, дом на РК Борец и други спортски екипи, но…

Моменталната состојба во салата е катастрофална  бидејќи по интензивните поројни дождови во Велес протекува на повеќе места, и на трибините каде што седи публиката и на теренот. Среќа деновиве немаше натпревар во Велес, а и да имаше очигледно немаше да се одигра, бидејќи вработените во салата веќе неколку дена со кофи ја собираат водата!

Најтрагично од се е што санацијата на кровот била завршена пред една година,  но кровот и натаму протекува. Директорот на ЈП”Парк Спорт” под кое припаѓа и салата “Гемиџии” вели дека реагирал да се превземат мерки за санација бидејќи е уште под гаранција, но се уште нема ништо од решавање на проблемот.

Никој не сака да гледа ракомет додека го врне, а уште помалку да игра.  Почетокот на успешна ракометна приказна започнува со нормални услови за тренинг и натпревар.  После се чудиме зошто тапкаме во место.