Само вардарки максимално: Вардар и уште пет екипи си обезбедија втора фаза во ЛШ

Со комплетирањето на 4. коло станаа познати шест екипи коишто ќе имаат место во втората фаза од вкупно 12 тима. Веќе е јасно дека тимовите кои во моментов ги заземаат првите две места во групите А, Б и Ц се сигурни патници за следната рунда, а меѓу нив се и вардарки, кои се единствени со максимални осум бода засега.

Групата каде што уште никој не е сигурен треба да вкрсти со онаа каде што е Вардар. Во групата Д сите четири тима имаат теоретски шанси, но практично еден тим ќе мора да отпадне, а сигурно дека веќе следниот викенд ќе биде појасна целата ситуација после одигрувањето на 5. коло.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА А

КРИМ МЕРКАТОР – В. ГДИЊА 29:22 (16:11)

ЧСМ БУКУРЕШТ – НИКОБИНГ  39:26 (18:12)

ТАБЕЛА: 1. ЧСМ Букурешт 6 бода (125:92), 2. Крим М. 6 (103:97); 3. Никобинг 4 (104:109); 4. Вистал Гдиња 0 (85:119).

ГРУПА Б

МИТЈИЛАНД – БРЕСТ   27:23 (12:7)

ЃЕР – РОСТОВ   25:23 (13:9)

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 6 (100:85); 2. Митјиланд 6 (90:93); 3. Ростов 4 (93:95); 4. Брест 0 (92:102).

ГРУПА Ц

ФТЦ РАИЛ КАРГО – ТУРИНГЕР                28:25 (13:14)

ВАРДАР – ЛАРВИК         30:27 (10:11)

ТАБЕЛА: 1. Вардар 8 (124:98); 2. ФТЦ Раил Карго 6 (125:117); 3. Турингер 2 (102:113), 4. Ларвик 0 (106:129).

ГРУПА Д

БИТИГХАЈМ – КРИСТИЈАНСАНД            25:24 (16:13)

БУДУЌНОСТ – МЕЦ        23:18 (11:8)

ТАБЕЛА: 1. Мец 6 (105:94), 2. Будуќност 4 (97:98), 3. Битигхајм 4 (104:110), 4. Кристијансанд 2 (99:103).