Саздовска и Ристовска со порази ја почнаа Лигата на шампионите

Почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција донесе интересни резултати, а на средбите од 1. коло македонските репрезентативки не можат да се пофалат со добар резултат.

Јована Саздовска постигна еден гол за Турингер на средбата против Подравка на која таа и колешките на домашен терен претрпеа пораз од 26:28.

Сара Ристовска, пак, гостуваше кај Ѓер со тимот на Крим Меркатор и мина многу полошо. Актуелниот првак забележа победа од 39:23. И Ристовска исто како и Саздовска беше стрелец на еден гол.

Првото коло ги покажа клубовите кои ќе се борат за највисок пласман. Сосема извесно е каде ќе биде главното во новата сезона и нема дилеми дека Ѓер, ЦСМ Букурешт, Ростов Дон… се во предност во однос на конкуренцијата.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

ГРУПА А

БУДУЌНОСТ – ОДЕНЗЕ 31:28

Јауковиќ 8, Ласло 7, Булатовиќ 4 – Јоргенсен 8, Трамборг 7, Офендал 5

МЕЦ – ЛАРВИК                31:20

Маубон 6, Канор 5, Флипес 4 – Хјортнер 8, Молид 3, Бергум 2

ГРУПА Б

РОСТОВ ДОН – САВЕХОФ           30:21

Вјахирева 7, Абинг 4, Калиниченко 4 – Екенман-Фернис 5, Алм 4, Орторп 3

КОПЕНХАГЕН – БРЕСТ  32:28

Алм 7, Бонт 4, Морк 4 – Грос 9, Поп-Лазиќ 9, Костанес 5

ГРУПА Ц

ЃЕР – КРИМ МЕРКАТОР               39:23

Аморим Талеска 7, Грот 6, Хансен 6 – Мавсар 5, Станко 4, Передериј 3, Ристовска 1

ТУРИНГЕР – ПОДРАВКА              26:28

Лузумова 6, Штоле 6, Гросман 4, Саздовска 1 – Јежикава 7, Чигиринова 6, Дебелиќ 3

ГРУПА Д

ЦСМ БУКУРЕШТ – ФТЦ РАИЛ КАРГО    36:31

Неагу 9, Мехмедовиќ 8, Куртовиќ 6 – Хафра 6, Ковачич 5, Шацл 4

КРИСТИЈАНСАНД – БИТИГХАЈМ            27:27

Суланд 6, Итеренг 5, Кристијансен 4 – Лауенрот 5, Висер 4, Волер 4