Руската ракометна федерација ќе учи од СЕХА лигата

На состанокот на СЕХА лигата кој се одржа за време на Ф4 турнирот во Скопје, едногласно беше усвоена одлуката со која на Руската ракометна федерација и се додели статус на набљудувач во СЕХА Гаспром Лигата.

300x250

“За Ракометната федерација на Русија ова е многу важна вест. Ние активно ќе ја набљудуваме работата на една од најдобрите ракометни лиги во Европа. Ќе имаме пристап до значајни информации, ќе добиваме покани за учество во разни работни групи на СЕХА лигата. Сето ова ќе ни овозможи да учиме од најразлини области, да црпиме искуство од ракометните натпревари во оваа лига, како и од еден голем настан каков што е СЕХА Ф4 турнирот”- изјави директорот на Руската ракометна федерација-Евгениј Селеменев.